Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница, на којашто разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 26.06.2008 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница, на којашто разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот донесе Одлука за измени и дополнувања на одлуката за сигурноста на информативниот систем на банка. Со измените се врши дополнително уредување на условите под кои банките може да користат услуги од друштво за помошни услуги на банката за информативниот систем. Измените и дополнувањата се однесуваат на условите што треба да ги исполнат банките кои донеле или ќе донесат одлука да користат друштво за помошни услуги на банката со седиште надвор од Република Македонија. Со измените и дополнувањата се предвидуваат соодветни заштитни механизми со кои треба да се обезбеди информативниот систем на овие банки да биде континуирано функционален и да се обезбеди непречена достапност на податоците за нивното работење на територијата на Република Македонија. Исто така, во Одлуката се предвидува обврска друштвата за помошни услуги на банката за информативниот систем да се усогласат со меѓународниот стандард за информативна сигурност ISO/IEC 20000. Рокот за усогласување на друштвата за помошни услуги на банката кои веќе имаат склучено договор со банка или ќе склучат договор до 31.12.2008 година се утврдува да биде 01.01.2010 година. Сите останати друштва за помошни услуги на банката за информативниот систем кои ќе склучат договор со банка после 31.12.2008 година задолжително треба да бидат со предвидениот стандард за информативна сигурност.
Советот донесе Одлука за измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот на работа на штедилниците. Измените и дополнувањата на Одлуката се однесуваат на начинот на организацијата и вршење на функцијата внатрешна ревизија на штедилница. Притоа, покрај начинот на организација и вршењето на функцијата внатрешна ревизија, пропишана во Законот за банките, со Одлуката се предвидува можност, доколку во Службата на штедилницата за внатрешна ревизија нема лице - овластен ревизор, оваа активност, заедно со лицето/лицата вработени во организацискиот дел на штедилницата за внатрешна ревизија, да ја врши друштво за ревизија или лице-овластен ревизор, кое задолжително треба да ги почитува принципите и правилата на внатрешната ревизија. Основната цел на предложените измени на Одлуката е овозможување на ефикасна внатрешна ревизија во штедилниците, во услови кога тие се соочуваат со реални проблеми поради недостаток на овластени ревизори на пазарот. Ангажирањето на надворешни овластени ревизори, заради обезбедување непрекинатост во извршувањето на функцијата за внатрешна ревизија, е во согласност со базелските практики за вршење ефективна внатрешна ревизија.
Советот донесе Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за начинот и условите за отворање и водење на сметки на нерезиденти, со која се врши усогласување на оваа Одлука со Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за условите и висината на износот на ефективни странски пари и чекови кои можат да се внесуваат или изнесуваат од Република Македонија ("Сл. весник на РМ" бр. 69/08). Усогласувањето, всушност дава можност нерезидентите слободно да депонираат ефективни странски пари на нивните сметки кај овластените банки во текот на еден месец до висината на износот за кој согласно Одлуката на Владата на Република Македонија, при влегувањето во Република Македонија не се издава посебна писмена потврда. Со Одлуката се врши и усогласување на одредбите кои се однесуваат на отворање на сметки од страна на нерезиденти во случај кога истите не се физички присутни во банката со одредбите од прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Исто така, се менуваат одредбите кои се однесуваат на обврската на банката да ги блокира сметките на комитентите во случите кога истите се неактивни, односно периодот на неактивност на сметките се зголемува од една на две години пред да настапи обврската на банката за блокирање на сметката.
На денешната седница на Советот на НБРМ беа презентирани и најновите макроекономски движења, во рамки на Месечната информација 05/2008.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}