Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење
Скопје, 25.08.2005 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот констатираше дека во периодот јануари-јули 2005 година продолжи одржувањето на ценовната стабилност во Република Македонија, при што просечната стапка на инфлација изнесува 0,3%. Истовремено, индексот на цени на мало оствари просечен пораст од 1,7%. На годишно ниво (јули 2005 година / јули 2004 година) најшироко дефинираната парична маса М4 е повисока за 14,2%, при истовремен пораст на вкупните кредити на банките кај приватниот сектор за 22,4%, со што продолжува интензивната кредитна експанзија на банките. На крајот на јули 2005 година во однос на 31.12.2004 година бруто девизните резерви се повисоки за 93,7 милиони евра, главно како резултат на високиот нето откуп на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Во првите пет месеци од 2005 година дефицитот на тековната сметка од платниот биланс изнесуваше 82,0 милиони евра, што споредено со истиот период од 2004 година претставува значително намалување од 91,4 милиони евра, како резултат на регистрираното подобрување кај сите нејзини главни компоненти, првенствено кај приватните трансфери и стоковната размена со странство.
Советот ја усвои Информацијата за промена на методологијата за пресметување на реалниот ефективен девизен курс на денарот (РЕДК). Притоа, во насока на подобрување на методологијата, извршена е промена на пондерациониот период (постојната пондерациона структура од надворешнотрговската размена од 1998 година е заменета со учествата на размената на најзначајните трговски партнери во надворешнотрговска размена на Република Македонија во 2003 година) и вклучување на Србија и Црна Гора при пресметката на РЕДК. Овие методолошки промени при конструирањето на индексот на РЕДК на денарот имаат за цел добивање на поквалитетен показател за ценовната конкурентност на македонските производи на странските пазари.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}