Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 23.04.2008 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
На денешната седница, Советот го усвои Годишниот извештај за 2007 година. Во Извештајот е истакнато дека во 2007 година беа остварени добри макроекономски перформанси. Имено, беше задржана ценовната стабилност во економијата при што просечната инфлација во 2007 година изнесуваше 2,3%, беше регистриран значаен пораст на бруто девизните резерви од 108 милиони евра и релативно низок дефицит на тековната сметка од платниот биланс од 3% од БДП. Воедно, 2007 година беше одбележана со натамошен пораст на депозитите кај банките од 28,8% годишно, како и интензивен кредитен раст од 39,1% годишно. Годишниот извештај Советот го доставува до Собранието на Република Македонија за негово информирање.
На Советот му беше презентиран и Кварталниот извештај на НБРМ и воедно беше информиран за најновите движења во економијата. Растечкиот тренд на депозитите и кредитите на банкарскиот сектор продолжи и во март 2008 година, кога на годишна основа е регистриран пораст на вкупните депозити на приватниот сектор кај банките од 25,6%, при истовремен натамошен пораст на вкупните кредити на банките кај приватниот сектор за 42,2%. Во однос на движењето на инфлацијата, наспроти констатираниот годишен раст на вкупниот индекс на трошоците на живот за 0,6 процентни поени во март во споредба со февруари (односно од 9,6% на 10,2%), истовремено НБРМ во март регистрира одредено забавување на базичната инфлација (без храна и енергија) од 3,2% во февруари, на 2,7% во март на годишна основа. НБРМ и натаму сеопфатно ги анализира движењата во економијата и продолжува да ги следи ефектите од последните преземени мерки, насочени кон стабилизирање на инфлациските очекувања.
Советот на Народна Банка на Република Македонија ја разгледа Информацијата за промени во начинот на определување на квотите и гласовите на земјите членки во Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ). Промените, предложени од Извршниот Одбор на ММФ би резултирале со значајни преструктурирања на квотата и гласачките удели на земјите членки, при што учеството на гласачкото право на Република Македонија во вкупното гласачко право би се зголемило од 0,043 % на 0,057% како последица на зголемување на основните гласови.
Советот на денешната седница го усвои Извештајот за работењето на внатрешната ревизија на НБРМ во 2007 година. Во текот на 2007 вкупно беа спроведени 21 ревизија, од кои 14 редовни, 3 вонредни и 4 ревизии извршени по препорака на ММФ. Се констатираше дека интерниот контролен систем е адекватен и задоволителен, како и дека беа спроведени соодветни контролни мерки за намалување на можните ризици.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}