Скопје, 22.07.2008 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија донесе Решение со кое е издадена претходна согласност на "Штаерска банка и Штедилница" АД (Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) од Грац, Република Австрија, за стекнување 100% од вкупниот број на акции на "Инвестбанка" АД Скопје. Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 180 дена од денот на добивањето на согласноста од гувернерот.
"Штаерска банка и Штедилница" АД работи од 1825 година како штедна банка. Таа има дозвола за банкарско работење издадена од Агенцијата за надзор на финансискиот пазар на Република Австрија. Има учество и контрола во повеќе банки и друштва за лизинг, недвижности, картично работење и истражување и развој во Република Австрија и регионот на поранешна Југославија. Банката и најголемиот дел од австриските штедни банки се дел од групацијата на Ерсте Банк дер Оестерреицхисцхен Спаркассе АГ.
Согласно ревидираните консолидирани финансиски извештаи за 2007 година, Банката има финансиски потенцијал од 12,2 милијарди евра, капитал од 942 милиони евра и прикажала позитивен финансиски резултат од 110 милиони евра.
Се очекува влезот на "Штаерска банка и Штедилница" АД да придонесе за понатамошно зголемување на финансиското посредување во Република Македонија, зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор и зголемување на понудата на банкарски производи и услуги.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}