Скопје, 22.04.2009 година
Соопштение на НБРМ
Денес, гувернерот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Петар Гошев, имаше состанок со Франческо Мацаферо, директор на Секторот за соседни региони на ЕУ во Европската централна банка (ЕЦБ), на кој се дискутираше за идната соработка помеѓу двете институции. Г. Мацаферо беше придружуван од амбасадорот Ерван Фуере, шеф на Делегацијата на Европската комисија.
Г. Мацаферо и амбасадорот Фуере разговараа со гувернерот Гошев за важноста којашто ЕЦБ ? ја придава на техничката соработка со централните банки во Југоисточна Европа. Дискусиите се фокусираа на учеството на НБРМ во пакетот за одговор на кризата за земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки, којшто во моментов го подготвува Европската комисија. Дел од пакетот е наменет за давање помош од ЕЦБ и од централните банки на земјите-членки за зајакнување на капацитетите за финансиска супервизија на централните банки во овие земји и за зајакнување на соработката во контекст на справувањето со глобалната финансиска криза.
Гувернерот Гошев, г. Мацаферо и амбасадорот Фуере, исто така, дискутираа за планираниот проект којшто ја вклучува НБРМ според програмата ИПА за 2009 година. Се предвидува НБРМ и ЕЦБ, со вклучување на неколку централни банки од Европската унија, заеднички да спроведат проект насочен кон разгледување на правните, организациските и аспектите на управување со човечки ресурси на НБРМ. Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на централната банка за нејзино натамошно усогласување со институционалната и оперативната рамка на Европскиот систем на централни банки.
Во текот на дискусиите беше истакнато дека помошта којашто треба да биде финансирана од Европската комисија и дадена од страна на Европската централна банка е наменета за одржување и за зајакнување на улогата на НБРМ како независна институција, за остварување на нејзините функции во согласност со најдобрите практики на централното банкарство во Европската унија. НБРМ целосно е посветена на соработката со централните банки во регионот и високо ја цени улогата на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки во негувањето на соработката меѓу централните банки и во промовирањето и водечката улога во напорите за обезбедување техничка помош во регионот.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}