Скопје, 19.03.2009 година
Соопштение на НБРМ
Би сакале да ја информираме јавноста дека по одржаната аукција на благајнички записи на 18.03.2009 година, поради техничка грешка, на интернет-страницата на Народната банка е објавена каматна стапка од 7,33%, наместо 7,00%.
Народната банка на Република Македонија при продажбата на благајничките записи применува тендер со износи и фиксно утврдена каматна стапка, којашто е непроменета од 14.05.2008 година и изнесува 7,00%. На последната аукција одржана на 18.03.2009 беа реализирани благајнички записи со рок на достасување од 28 денови во износ од 1170 милиони денари по каматна стапка од 7% годишно.
Во досегашното работење, Народната банка секогаш ја објавува промената на каматната стапка, односно промената на типот на тендер, со соопштенија до јавноста во кои се посочуваат причините за промената. Без сомнение, таквата практика ќе продолжи и во иднина.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}