Скопје, 15.12.1999 година
Во врска со написите во печатот објавени деновиве по повод контролата на Управата за јавни приходи во Народна банка на Република Македонија (НБРМ), како и интересот и барањата од повеќе новинари гувернерот на НБРМ да даде изјава:
-дали Управата за јавни приходи има право да ја контролира НБРМ и ако има право во кој домен;
-дали со тоа е повредена независноста на НБРМ и нејзината одговорност само пред Собранието на РМ;
-дали ваквиот потег на Управата за јавни приходи може да им наштети на аранжманите на Република Македонија со меѓународните финансиски институции, Европската унија и слично,
Кабинетот на гувернерот ја известува јавноста дека гувернерот додека трае контролата нема да даде изјава, со цел таа мирно и непречено да си ја заврши работата.