Скопје, 11.04.2000 година
Соопштение на НБРМ
Денес гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Љубе Трпески го прими на негово барање новонаименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, г-дин Жан Франсоа Терал. На средбата, гувернерот Трпески го информира амбасадорот Терал за макроекономската состојба во Република Македонија и динамиката на извршување на структурните реформи во земјата, посебно во банкарската сфера. Амбасадорот Терал истакна дека реализирањето на структурните реформи во Република Македонија е од двојно значење за земјата. Така, реформските процеси не се важни само од аспект на склучување на аранжманите со меѓународните финансиски институции, ММФ и Светската банка, туку и во поглед на влезот на странски инвеститори во Република Македонија. Во таа смисла, амбасадорот Терал изрази интерес за условите и стратегијата на Република Македонија за влез на странски инвеститори, особено во поглед на условите за влез на комерцијални банки од Република Франција во банкарскиот систем на Република Македонија.
За време на состанокот, гувернерот Трпески и амбасадорот Терал се согласија дека повеќето измени во банкарската сфера инкорпорирани во новиот Закон за банки ќе придонесат за поголем интерес на западните комерцијални банки за инвестирање во Република Македонија.
Совет на Народна банка на Република Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}