Централните банки на Руската Федерација и Република Македонија потпишаа Договор за меѓусебна соработка
Скопје, 08.05.1998 година
Централните банки на Руската Федерација и Република Македонија потпишаа Договор за меѓусебна соработка во доменот на супервизорската активност. Договорот треба да ги унапреди и зацврсти меѓусебните врски и интереси во банкарската регулација, како и да ја зголеми довербата и ефективноста на респективните банкарски системи. Иницијативата за соработка помеѓу двете централни банки беше договорена за време на последното Годишно собрание на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка, што се одржа во Хонг Конг кон крајот на минатата година.
Основната цел и мотив за потпишување на договорот помеѓу централните банки е постоењето на банкарски институции во Република Македонија, чија матична земја е Руската Федерација. Воедно, се очекува Договорот меѓу Руската Федерација и Република Македонија да ја зголеми и унапреди долгогодишната стопанска соработка меѓу двете земји, со исполнување на обврските од Договорот чија цел, меѓу другото, е обезбедување стабилен банкарски систем.
Според Договорот централните банки се обврзуваат редовно да разменуваат информации за степенот на развиток на респективните банкарски системи; да обезбедуваат информации за супервизорските стандарди кои се применуваат; да одржуваат заеднички средби меѓу директорите на дирекциите за супервизија, како и меѓу супервизорските експерти, на кои би се дискутирале прашања од заеднички интерес; да преземаат заеднички активности во поглед на претставништвата и филијалите на нерезидентните банкарски институции, особено во лиценцирањето, спроведувањето на супервизијата, односно ревизијата на нивните извештаи и сметки; да го контролираат придржувањето кон прописите, особено при поголемите промени како што се промена на главниот акционер, ограничување на обемот на банкарските активности, повлекување на дозволата за работа, назначување на привремена управа, преструктуирање или ликвидација на банкарската институција.
Инаку, договорот за соработка е стандарден Договор и е во согласност со Базелските супервизорски стандарди.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}