Скопје, 05.07.2001 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народна банка на Република Македонија, денес донесе неколку Одлуки од доменот на монетарната и девизната политика со цел преку нивната имплементација да се постигне понатамошно стабилизирање на движењата на девизниот пазар и одржувањето на девизниот курс на денарот како номинална котва во македонската економија.
Имено, Советот на НБРМ донесе Одлука за изменување на Одлуката за пресметување, издвојување и користење на задолжителната резерва на банките за одржување на нивната дневна ликвидност и Одлука за измени и дополнувања на Одлуката за мерките и постапката за преземање мерки спрема банки во услови на привремена или трајна неликвидност. Овие две одлуки се однесуваат на заострување на условите, начинот и видот на корективните мерки кои НБРМ ги превзема спрема банките во случај тие да не ги исполнуваат обврските за издвојување на задолжителна резерва и во услови на нивна привремена или трајна неликвидност. Исто така, Советот на НБРМ донесе Одлука за држење на девизи во депозит и Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите на купопродажба на девизи меѓу правните лица во Република Македонија. Со овие одлуки, согласно измените и дополнувањата на Законот за девизно работење, се утврдува правото на Народна банка на Република Македонија да го утврдува рокот за држење на девизи во депозит кај овластените банки за работа со странство од страна на домашните лица, остварени со извоз на стоки и услуги.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}