Скопје, 03.09.2001 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-дин Љубе Трпески, денеска ја прими г-ѓа Евелин Херфкенс, министер за развој на Кралството Холандија. На средбата, г-ѓа Херфкенс беше запозната со најновата ситуација во Република Македонија и нејзините импликации врз економските, а посебно врз монетарните и финансиските движења во Република Македонија. Притоа, и беа изнесени податоци за мерките и инструментите што ги превзема Народна банка на Република Македонија за одржување на макроекономската стабилност во земјава. Гувернерот Трпески, посебно ја истакна неопходноста од што поскорешно одржување на донаторска конференција за Република Македонија.
Г-ѓа Херфкенс од своја страна истакна дека Кралството Холандија посебно го цени фактот што Владата на Република Македонија и Народна банка на Република Македонија успешно се справуваат со ситуации каква што е сегашнава и не дозволуваат да се наруши макроекономската стабилност на Република Македонија. Притоа, таа ја изрази поддршката на Кралството Холандија и нејзиното максимално залагање да и помогнат на Република Македонија во овие критични моменти, со организирање на донаторска конференција.
Гувернерот Трпески ја искористи оваа можност да и се заблагодари на г-ѓа Херфкенс за се што има досега направено за Република Македонија, во текот на изминативе десет години, прво, во својство на извршен директор во Светската банка, а подоцна и како министер за развој на Кралството Холандија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}