Во периодот од 31. мај до 3. јуни во Скопје, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа меѓународен форум на тема ИТ-инфраструктура во централните банки
Во периодот од 31. мај до 3. јуни во Скопје, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа меѓународен форум на тема ИТ-инфраструктура во централните банки. Форумот беше место за отворена дебата за ИТ-инфраструктурите на централните банки, каде што се разменуваа искуства за тековната поставеност на ИТ-инфраструктурата во централните банки, како и за идните планови.
Форумот го отвори вицегувернерот д-р Фадил Бајрами, по што се дискутираше на повеќе теми поврзани со ИТ-инфраструктурата, меѓу кои би ги истакнале следниве:
- инфраструктурата за висока достапност на две или повеќе локации,
- инфраструктурата за управување со мобилни уреди,
- стратегиите и понудите за инфраструктура во облак (cloud strategy and offer),
- стратегиите за консолидација на инфраструктурата,
- системите за управување со конфигурацијата на ИТ-инфраструктурата (CMDB),
- околините за развој на апликации и
- управувањето со привилегиите на корисниците во ИТ-околината.
На форумот учествуваа 20 претставници од повеќе земји во Европа: Швајцарија, Италија, Франција Германија, Полска, Финска, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Покрај нив, од страна на Народната банка присуствуваа претставници од Дирекцијата за ИТ, како и претставници на други организациски единици во Народната банка, чиешто работење е поблиску поврзано со ИТ-инфраструктурата.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}