На 27 јули 2016 година, во просториите на Народната банка се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија
На 27 јули 2016 година, во просториите на Народната банка се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите коишто се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија: Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Комисијата за хартии од вредност и Народната банка на Република Македонија.
На состанокот се разговараше за движењата и ризиците со кои се соочуваат одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија и соодветните супервизорски институции, како и за потребата од преземање, поединечни или координирани, идни мерки и активности. Притоа, се заклучи дека и во услови на неповолни домашни случувања, македонскиот финансиски систем ја задржа својата стабилност.
Беше разговарано и за напредокот во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните практики и директивите на Европската Унија.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}