Народната банка на Република Македонија и Европската централна банка го претставија проектот за соработка финансиран од ЕУ
Народната банка на Република Македонија и Европската централна банка го претставија проектот за соработка финансиран од ЕУ
Денес, по одржувањето на првиот состанок на Управниот комитет во Скопје, пред јавноста беше претставен Проектот за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија за пристапување во Евросистемот, финансиран од Европската Унија. Проектот го претставија гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Аиво Орав и генералниот директор на Генералниот директорат за меѓународни и европски односи при Европската централна банка, Френк Мос.
Со деветмесечниот проект за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија се утврдени областите во коишто таа би можела да оствари напредок во текот на наредните години, во поглед на постигнувањето на стандардите за централните банки во ЕУ, по пат на ревидирање на законската рамка, усвојување и спроведување нови политики и практики и обука на кадарот. Наодите од анализата на потребите ќе ѝ овозможат на НБРМ да ја оформи својата идна стратегија за приклучување кон Европскиот систем на централни банки, во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија.
Проектот, којшто започна на 15 октомври 2012 година, го спроведува ЕЦБ во партнерство со десет централни банки од Евро- системот: Германија, Естонија, Ирска, Шпанија, Италија, Малта, Холандија, Австрија, Словенија и Словачка. Централната банка на Бугарија како членка на Европскиот систем на централни банки, исто така, обезбеди експерти за спроведување на Проектот.
Проектот e финансиран од Европската Унија, којашто додели 405.000 евра од Инструментот за претпристапна помош и од НБРМ, којашто обезбеди 45.000 евра како кофинансирање.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}