Одржана средба помеѓу финансиските супервизорски органи во Република Македонија
Следејќи ги меѓународната практика и искуство, денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија се одржа работна средба меѓу претставниците на финансиските супервизорски органи во Република Македонија. Ваквите средби имаат за цел да ја унапредат и да ја подобрат информираноста и соработката помеѓу регулаторните и супервизорските органи, а со тоа и да придонесат во одржувањето сигурен и стабилен финансиски систем.
На денешната средба беа разгледани најновите движења во осигурителниот и во банкарскиот сектор, пазарот на капитал, како и кај пензиските фондови, финансискиот лизинг и финансиските друштва. Исто така, присутните финансиски супервизорски тела: Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Министерството за финансии ги презентираа најзначајните тековни активности од нивната надлежност.
Учесниците позитивно ја оценија средбата и се очекува одржувањето на ваквите средби да прераснe во редовна практика.