Интервју: д-р Љубе Трпески, гувернер на Народната банка на Република Македонија (1997-2004), за весникот "Утрински весник", 30.04.2002 година
ДЕНАРОТ ГО ВОВЕДОВМЕ НАВРЕМЕ
"Не може да се воведе своја валута кога на територијата на земјата има туѓа војска"
Комисијата што беше составена од претседателот на Владата, гувернерот и министерот за финансии, како и академик Богоев и јас (како луѓе од науката), одевме многу внимателно, да не се случи да воведеме сопствена валута, а народот да не ја прифати. И затоа, паралелно се одеше со сите мерки кои требаа да се преземат претходно, обезбедување граница, царина... Единствено, немавме девизни резерви онолку колку што по процената на НБМ се бараше.
Колку изнесуваше тоа?
Во една варијанта се бараа околу 300 милиони марки, а во друга 360 милиони марки.
Врз основа на кои параметри?
Врз основа на движењата во увозот и извозот и најнеопходните потреби за набавка на најосновните стратегиски суровини. Ние набавивме одредени стратегиски суровини и имавме одредена залиха. Тогашната антиинфлациона програма, за жал, беше од краток век, во 1992 и во 1993 година ја намаливме инфлацијата, но не успеавме да ја смириме. Тоа се постигна со новата стабилизациска програма, која ја изработивме во Република Македонија, им ја предложивме на ММФ за првиот СТФ-аранжман и тие речиси во целост ја прифатија, со тоа што воведоа квартален мониторинг. Тоа не натера да бидеме многу подисциплинирани во однесувањето и придонесе нагло да ја собориме инфлацијата.
Од сегашен аспект гледано, дали денарот беше воведен предоцна, бидејќи тогаш се зборуваше дека поради пробивање на информацијата за монетарно осамостојување беа изгубени десетици милиони марки?
Воведувањето на денарот беше навреме. Не можеше порано затоа што тука беше присутна ЈНА. Не може да се воведе своја валута кога на територијата на земјата има туѓа војска. Така што, само неколку дена по нивното заминување, ние го воведовме денарот. Меѓутоа, доколку успеевме докрај да ја задржиме тајноста на тој проект, на таа операција, ќе имавме помалку последици. Се уште не сум докрај убеден дали можеше да се додржи целосно тајноста, бидејќи беше логично по монетарното осамостојување на Словенија и на Хрватска, тоа да го стори и Македонија. Иако тогашниот гувернер на НБМ и член на Советот на гувернери во НБЈ ги убедуваше дека нема монетарно да се издвоиме, Меѓутоа и одредени изјави на одделни политички личности во тоа време, на провокација од вас новинарите, придонесоа на некој начин предвреме да се обелодени монетарното осамостојување
Постојано се зборува дека денарот е потценет. Колку е реално неговата вредност?
Сите кои во Македонија се јавуваат со изјави дека денарот е потценет или преценет, тоа не го прават на база на научно засновани аргументи. Единствена институција во РМ којашто има изработено научно заснована методологија за утврдување на реалноста на девизниот курс на денарот е НБРМ и, според таа методологија, курсот е реален.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}