Автори: Ана Митреска, Султанија Бојчева-Терзијан и Тања Јакимова
Ефектите од политичката криза во 2016 година врз домашната економија
Овaa анализа се осврнува на економските ефекти од политичката криза во 2016 година врз македонската економија, преку оцена на вообичаените канали на влијание врз одредени сегменти од домашната економија. Во анализата се дава осврт и на реакцијата на НБРМ, којашто преку повеќе мерки даде јасни сигнали во однос на подготвеноста за одржување на стабилноста на домашната валута, и со тоа делуваше врз очекувањата на субјектите. Со анализата се потврдува заклучокот дека во услови на неизвесност, склоноста за располагање со странска валута и загриженоста за заштедите во банкарскиот систем останува главнa ранливост на македонската економија. Во тој контекст, од особено значење е досегашното внимателно водење на монетарната политика, кое создаде доволен капацитет за справување со шокови од ваков карактер, коишто имаат брз и директен ефект врз девизниот пазар и девизните резерви.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}