На 11 мај 2016 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 4,00%. Со оглед на повлечената ликвидност од банкарскиот систем во претходниот период, на аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, односно 2.619 милиони денари помалку од достасаниот износ.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 20.714 милиони денари, односно 1.286 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 15 јуни 2016 година.