Автори: Дијана Јаневска-Стефанова
Мишо Николов
Анализа на трговијата со услуги во земјите од Централна и Југоисточна Европа, со посебен осврт на македонската економија
Оваа анализа дава краток осврт на структурата и динамиката на извозот на услуги во регионот на Централноисточна и Југоисточна Европа и Балтичките земји. Анализата покажува дека од аспект на просечното учество во БДП, салдото на услуги во тековната сметка има тенденција на постојан раст, со исклучок на периодот за време на светската финансиска криза. Структурно гледано, најголемо процентуално учество во размената на услуги во земјите од регионот имаат патувањата, а потоа и транспортните услуги и доработките. Од останатите услуги, во согласност со развојот на технологијата, категоријата телекомуникациски, компјутерски и информациски услуги бележи значителен раст. Ваквиот тренд на постојан раст на размената на услуги во земјите од регионот е присутен и кај македонската економија. Сепак, кај нас производствените услуги за доработка имаат најголемо структурно учество, а потоа и размената на туристички и транспортни услуги. Карактеристично за анализираниот период е влијанието на влезот на новите индустриски капацитети и градежните инфраструктурни прoекти коишто придонесоа за одредени промени во структурата на трговијата со услуги во поновиот период. Слично како кај останатите земји од регионот, и кај нас се забележува тренд на пораст на извозот на телекомуникациски, информациски и компјутерски услуги.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}