Автор: Дијана Јаневска-Стефанова
Анализа на меѓународната инвестициска позиција на земјите од регионот, со посебен фокус на македонската економија
Целта на оваа анализа е испитување на надворешната позиција на земјите од регионот на ЦИЈИЕ, преку динамиката и структурата на меѓународната инвестициска позиција (МИП). Динамиката на МИП на земјите од регионот, во последните две декади, упатува на зголемување на негативниот јаз, во периодот пред светската економска криза. Овој тренд во посткризниот период до 2012 година, до одреден степен забави, а веќе со почетокот на “taper tantrum” епизодата во 2013 година се забележува подобрување на МИП позицијата на земјите од овој регион. Во однос на факторите на промена, пред кризата во 2008 година, директните инвестиции, но и тековите коишто креираат долг придонесуваа за проширување на МИП позицијата. По кризата, директните инвестиции продолжија да растат, иако побавно, додека процесот на раздолжување резултира во намалување на тековите коишто креираат долг. Од аспект на одржливоста на екстерната позиција, според еден од ретките нумерички индикатори за МИП од Процедурата за нерамнотежи на ЕК (МИП одредница – 35% од БДП), нашата економија, како и повеќето анализирани земји се наоѓаат над оваа препорачана граница. Сепак, за целосна слика на надворешната позиција, покрај големината, треба да се земе предвид и структурната поставеност на МИП по инструменти, којашто во нашиот случај е поволна поради високото учество на директни инвестиции од 90%. Дополнително и оцените на ММФ, коишто се темелат на повеќе индикатори за екстерната позиција, не упатуваат на поголеми ранливости во надворешниот сектор.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}