Аверс
Торзо на египетската божица Изида, високо 0,42 м, изработено од бледо жолт мермер, сличен на алабастер, ги има сите карактеристики на египетската скулптура. Датирано е во II век пр. н.е
Златната обетката во форма на полумесечина е откриена во гроб во с. Беранци, Битолско и е датирана во IV век пр.н.е. Таа е изработена во техника на калапени листови, филигран и гранулација, а на горниот дел е аплицирана седечка фигура на крилеста сфинга. Со својата изведба, обетката упатува на уметничките ателјеа на халкидичкиот круг.
Реверс
Паун, детаљ од подниот мозаик на баптистериумот (крстилницата) на епископската базилика во античкиот град Стоби V - VI век. На подниот мозаик во крстилницата се изведени есхатолошки и евхаристични композиции со барски птици, елени и пауни. Паунот како рајска птица која пие вода од изворот на животот (кантарос) ги симболизира верниците кои копнеат по христијанската вера, душевен мир и спокојство.
назад
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}