Народната банка на Република Македонија и Алијансата за финансиска вклученост, со поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија, го одржаа Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост на мрежата АФИ во Скопје, од 26 до 28 октомври 2015 година.