Согласно законските овластувања, НБРМ воспоставува, регистрира и врши надзор над сигурноста, стабилноста и ефикасноста на системите за плаќање, порамнување и клиринг. 

Истовремено, НБРМ е корисник на платните системи во земјата за спроведување на монетарната политика, одржување на финансиската стабилност и остварување на останатите значајни функции на централна банка. 

Исто така, НБРМ е корисник на платните системи во странство за потребите на управување со девизните резерви и извршување на платниот промет со странство за државните органи.

Во таа смисла, НБРМ ги има следниве улоги во платните системи:

  • оперативна улога;
  • надзорна улога;
  • развојна и катализаторска улога.


Оперативна улога

Оперативната улога на НБРМ ги опфаќа следниве аспекти:

Оператор на системот за големи плаќања МИПС
Народната банка ја остварува оваа улога преку ракување и управување со единствениот платен систем за бруто-порамнување во реално време – МИПС.

Заднински операции
Заднинските операции се интерни операции на НБРМ поврзани со порамнување на склучените трансакции на финансиските пазари, и опфаќаат: обработка, потврдување и порамнување на трансакциите, сметкодствено евидентирање и усогласување на состојбата на сметките на парични средства и хартии од вредност.

Платен промет со странство во име и за сметка на државата 
Платниот промет со странство се врши преку сметки во странска валута на НБРМ отворени во странски централни и комерцијални банки со кои има воспоставено коресподентни односи и со посредно учество во платниот систем ТАРГЕТ2 преку централни банки од Евросистемот.

НОВО!


Надзорна улога

Надгледувањето на платните системи од страна на НБРМ е законски дефинирана функција. Согласно со Законот за платен промет, надгледувањето на платните системи е насочено кон постигнување на целите поврзани со сигурноста и ефикасноста на платните системи преку процес на следење на постојните и планираните аранжмани, проценувајќи ги нив наспроти целите и политиките. Надгледувањето на платните системи од страна на НБРМ е составен дел на нејзините пошироки одговорности за спроведување на монетарната политика и одржување на финансиската стабилност.

повеќе...


Развојна и катализаторска улога

НБРМ ја извршува развојната улога преку подобрување на регулативата за платните системи, учество во хармонизацијата на националната регулатива со европската регулатива, воведувањето на нови стандарди во работењето на платните системи кои се на линија на меѓународно прифатени стандарди, следење на развојните тенденции и креирање на амбиент за нивно имплементирање во Република Македонија со цел подготвеност во интеграционите текови на СЕПА во рамки на ЕУ.

повеќе...