Платниот биланс ги евидентира сите економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти во одреден временски период и ги отсликува сложените економски врски на земјата со остатокот од светот. Платниот биланс се состои од тековна сметка (стоки, услуги, примарен и секундарен доход), капиталнa и финансиска сметка.



Најнови остварувања:

Во вториот квартал од 2020 година во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 85,9 милиони евра, главно како резултат на дефицитот во стоковната размена.
Кај финансиските трансакции со нерезиденти се остварени нето-приливи, од кои позначајни се нето-приливите кај портфолио-инвестициите за 632,5 милиони евра и заемите за 168,1 милион евра. Девизните резерви бележат зголемување за 604 милиони евра.    Прочитај повеќе ...    











 


 


Архива на платен биланс  


За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)