Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ вчера соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Република Македонија „ББ”, со позитивен изглед. Во рамки на нивниот извештај, како една од клучните предности на македонската економија е потенцирано долгогодишното одржување ниска инфлација, стабилниот економски раст и финансиската стабилност. Сето наведено во извештајот е поткрепено со постојаното кохерентно водење на макроекономската и финансиска политика, а конзистентно со политиката на одржување стабилен девизен курс на денарот.
Во контекст на монетарната политика во рамки на извештајот, посебен акцент е ставен на монетарното олабавување во 2018 година, овозможено од поволната позиција на билансот на плаќања и исклучително поволните движења на девизниот пазар. Притоа, јасно се укажува дека ваквите поместувања, а особено растот на приливите врз основа на странските инвестиции, се одраз и на зголемената доверба на инвеститорите.
Афирмативни согледби за позитивното влијание на подобрената доверба на инвеститорите се видливи и во констатациите за банкарскиот сектор. Во овој дел, акцентирани се позитивни ефекти од постабилниот политички и економски амбиент, особено видливи преку значителното забрзување на растот на депозитите во банките. Воедно, во документот, „Фич“ наведува дека НБРМ ги развива своите макропрудентни инструменти, преку кои се зголемува отпорноста на финансискиот систем.
Агенцијата „Фич“ го оценува кредитниот рејтинг на Република Македонија од 2005 година. Овој нивен најнов извештај, меѓу другото, е и потврда не само на успешната монетарна политика, туку и на влогот на НБРМ за одржување на финансиската стабилност и за развојот на економијата во земјава.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}