Билансите на депозитните институции претставуваат аналитички извештаи за состојбата на средствата и обврските на депозитните институции (НБРСМ и останати депозитни институции ‒ банките и штедилниците), на одреден датум. Во билансите, средствата и обврските се класифицирани по финансиски инструменти, валути и по сектори.
Прегледите на депозитните институции (НБРСМ и останати депозитни институции) се консолидирани податоци од билансите, а целта на нивното изготвување е поедноставено прикажување на средствата и обврските на депозитните институции, на начин погоден за вршење монетарни анализи. Монетарната база се објавува во рамки на прегледот на НБРСМ, на страна на обврските, и ги вклучува: готовите пари во оптек, сметките на банките и штедилниците кај НБРСМ, готовината во благајната кај банките, задолжителната резерва на банките и штедилниците во денари, издвоената задолжителна резерва на банките во странска валута, како и сметките на локалната самоуправа и останатите финансиски институции кај НБРСМ.
______________________________________________________________________________
Најнови остварувања:
Вкупните средства и обврски на останатите депозитни институции во февруари 2024 година изнесуваат 859,792 милиони денари. Анализирано по инструменти, најголем дел од средствата им припаѓаат на кредитите (учество од 54,3%). На страната на обврските, најголемиот дел се однесуваат на депозити (вклучени и исклучени во/од монетарни агрегати) со вкупно учество од 67,2%.
______________________________________________________________________________
Архива на биланси и прегледи на депозитните институции - месечни податоци
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}