Почитувани корисници,

Ве известуваме дека, од септември 2018 година, НБРМ престана со објавување на месечниот статистички прилог којшто досега се објавуваше заедно со информацијата „Најнови макроекономски показатели“. Најголемиот дел од податоците коишто беа содржани во овој прилог можете да ги најдете во рамки на кварталните статистички билтени на НБРМ достапни на следнава врска:  http://nbrm.mk/bilteni.nspx, како и на интернет-страниците на Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk) и Министерството за финансии (www.finance.gov.mk), во соодветните бази на податоци на овие институции. Дел од податоците коишто не се достапни во ниту еден од посочените извори и се резултат на конкретни пресметки направени од страна на НБРМ се вклучени во месечниот извештај „Најнови макроекономски показатели“ и нив може да ги најдете во прилогот што се наоѓа на крајот од овој извештај.