Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.
Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.



Најнови остварувања:

  

Во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, како резултат на намалениот меѓукомпаниски долг за 78,6 милиони евра, при зголемени инвестиции во сопственички капитал и реинвестирање на добивката (за 48,3 и 21 милион евра, соодветно).
Во периодот јануари - јуни 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите врз основа на сопственички капитал и реинвестирање на добивката (68,9 милиони евра и 99,8 милиони евра, соодветно), во услови на нето-одливи врз основа на должнички инструменти за 46,1 милион евра.  















За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)