вторник, 28 февруари 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ за 2017 година
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Извештај со податоци на физичките лица од Регистарот на податоци за изложеноста на кредитен ризик на правните и физичките лица спрема банките и штедилниците (Кредитен регистар)


Регистарот на податоци за изложеноста на кредитен ризик на правните и физичките лица спрема банките и штедилниците (понатаму во текстот: Кредитен регистар), кој Народната банка на Република Македонија го има воспоставено и го води согласно со член 39 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на РМ" бр. 158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015 и 6/2016).

Банките и штедилниците доставуваат податоци и информации до Народната банка за водење на Кредитниот регистар. Корисници на Кредитниот регистар се Народната банка на Република Македонија и банките и штедилниците коишто имаат добиено дозвола за основање и работење од гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

Во согласност со Одлуката за содржината и начинот на функционирање на Кредитниот регистар („Службен весник на РМ" бр. 186/2013), банките се должни да достават податоци за сите домашни и странски банки, нерезиденти, сите домашни небанкарски финансиски институции, сите останати домашни нефинансиски институции со вкупна изложеност на кредитен ризик над 300 илјади денари, како и за сите домашни физички лица, трговци-поединци, физички лица коишто согласно со Законот за трговските друштва не се сметаат за трговци, со вкупна изложеност на кредитен ризик над 5 илјади денари.

Штедилниците задолжително доставуваат поединечни податоци за сите правни лица со вкупна изложеност на кредитен ризик над 50 илјади денари и за сите домашни физички лица, трговци-поединци, физички лица кои согласно со Законот за трговските друштва не се сметаат за трговци, со вкупна изложеност на кредитен ризик над 5 илјади денари.

Народната банка ги користи податоците од Кредитниот регистар како дел од спроведувањето на својата супервизорска функција, од аспект на анализа на кредитниот ризик на кој се изложени банките и штедилниците во своето работење. Банките и штедилниците ги користат податоците од Кредитниот регистар како помошно средство во оценка на кредитната способност на секој одделен нов или постоен клиент-кредитокорисник.

Напоменуваме дека податоците содржани во Кредитниот регистар не можат да бидат единствена основа за донесување судска одлука или друга одлука што произведува правно дејство спрема некое лице или значително го засега тоа лице. Во случај на нецелосни, неточни или неажурирани лични податоци, барателите на податоци треба да се обратат во банката/штедилницата којашто ги доставила личните податоци и која треба да ги изврши соодветните измени во доставените податоци.

Извештајот што го издава Народната банка но барање на физичките лица, содржи податоци за износот на обврските и институциите коишто ги имаат пријавено на последниот датум на доставување на податоци од страна на банките/штедилниците. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.

Поднесување на барањето

Извештајот може да го побара физичко лице лично или преку полномошник. Тој е со информативен карактер и не може да послужи за остварување одредена корист за барателот. Податоците се издаваат единствено за кредитната изложеност на физичките лица.

Народната банка нема да одговара на барањата коишто не се поднесени во форма пропишана во Упатството, односно се добиени во писмена форма преку пошта или електронски. Нема да се издаде одговор на ополномоштеници чиишто полномоштва не се специфицирани за барање податоци од Кредитниот регистар.

Доставувањето на барањата се врши со лично поднесување од барателот или полномошникот, преку Архивата на Народната банка, бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр.1, Скопје.

Образецот за барањето и полномоштвото може да се подигнат на портирницата/архивата на Народната банка или се преземаат од интернет-страницата на Банката (преземи образец).

     • Лично поднесување


Со барањето се приложува и уплатница со која се потврдува уплатата на тарифата согласно со Одлуката за единствената тарифа на надоместоци за услуги што ги врши НБРМ.

     • Поднесување преку полномошник


Доколку извештајот се бара преку полномошник, задолжително се приложува полномошно заверено на нотар. Образецот за полномоштво, кое се однесува единствено за добивање податоци од Кредитниот регистар, се презема од интернет-страницата на Народната банка или се подига од архивата на Банката (преземи образец).

Одговори по поднесени барања

Одоговорите се издаваат во форма на пропишан образец. Рок за изработка на одговорот на поднесеното барање е пет работни дена. Издавањето на одговорите врз основа на поднесените барања е секој работен ден во период 8.30 до 15.45 часот. По изработката на барањата, вработените од Народната банка контактираат со барателите или овластените лица на броевите за контакт, кои се запишани во барањето. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, тоа се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

Издавање одговори врз основа на поднесени барања

Подигањето на одговорите врз основа на поднесените барања од физичките лица, е лично или преку ополномоштеник. Барателот го потврдува својот идентитет со прикажување на валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Кога одговорот го подига ополномоштеното лице, тоа се легитимира со валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

При подигањето на одговорите врз основа на поднесените барање, лицето коешто го подига извештајот се потпишува на примерокот од одговорот и фактурата за извршената услуга. Примерокот што му се дава на барателот, задолжително заради личните податоци, се издава во затворен плик.

Народната банка нема да изврши повторно издавање на извештај во период пократок од 30 дена, односно во период помеѓу два извештајни датума во кој банките/штедилниците немаат извршено измени во базата на податоци.

 

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 %
1 недела 1,26 %
1 месец 1,54 %
3 месеци 1,86 %
6 месеци 2,19 %
9 месеци 2,39 %
12 месеци 2,57 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%