сабота, 27 мај 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

За НБРМЦели и задачи
 

Управување со девизни резерви         

Основни функции на девизните резерви се обезбедување поддршка при спроведувањето на монетарната политика и режимот на девизен курс, обезбедување на домашната економија од надворешни шокови, редовно плаќање на надворешниот јавен долг и одржување на кредибилитетот на домашната економија во меѓународни рамки. Во таа смисла, согласно дефиницијата на Меѓународниот монетарeн фонд, девизнитe резерви претставуваат  " странски девизни средства коишто се на располагање и се управувани од монетарната власт за директно финансирање на платните нерамнотежи, за индиректно регулирање на големината на овие нерамнотежи преку интервенции на домашниот девизен пазар, во насока на одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута, како и за други намени".

Согласно со Законот за Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија управува и ракува со девизните резерви на Република Македонија. Покрај одредбите во Законот, ракувањето и управувањето со девизните резерви поблиску се уредува со Политиката на управување и ракување со девизни резервите на Република Македонија донесена од Советот на Народната банка, со која се утврдени инструментите и начинот на пласирање на девизните резерви, раководејќи се од критериумите на сигурност, ликвидност и рентабилност. Гувернерот на Народната банка донесува посебни Правила за пласирање и чување на девизните резерви, со кои попрецизно ги определува инструментите во кои се пласираат девизните резерви, како и начинот на кој се управуваат (контролираат) и се следат кредитниот, валутниот, ликвидносниот и каматниот ризик.

Во согласност со примената на монетарната стратегија на таргетирање (целење) на номиналниот девизен курс, еврото има доминантно учество во девизните резерви. Од друга страна, имајќи ја предвид валутната структура на кредитните обврски на државата кон странство, како и потребата за одржување тековна ликвидност при плаќањата кон странство покрај еврото, во валутната структура на девизните резерви се застапени  и САД-доларот и неколку останати валути (австралискиот и канадскиот долар, швајцарскиот франк, данската, норвешката и шведската круна, британската фунта, јапонскиот јен и специјалните права на влечење).

Народната банка управува со девизните резерви преку три портфолија: ликвидносно портфолио, инвестициско портфолио и злато. Одржувањето на портфолиото во злато е во функција на обезбедување сигурност и ликвидност на девизните резерви преку диверзификација на инвестициите, имајќи предвид дека златото претставува значајно средство во услови на глобална, економска или политичка нестабилност на пазарите. Ликвидносното портфолио ги покрива потребите за ликвидни средства на Народната банка при интервенции на девизниот пазар и за остварување плаќања на државата кон странство, додека инвестициското портфолио обезбедува стабилен и предвидлив приход и одржување на вредноста на девизните резерви преку инвестирање на средствата на подолг рок.

Со оглед на тоа што Република Македонија, како мала отворена економија, има висок степен на зависност од светските финансиски текови, без можност да влијае врз цените на светските пазари, движењата на финансиските пазари можат да генерираат неколку видови ризици при ракувањето со девизните резерви. Оттаму, составен дел на процесот на управување со девизните резерви претставува управувањето со ризиците при инвестирањето на средствата во различните финансиски инструменти.

Народната банка го контролира кредитниот ризик, како ризик од намалување на вредноста на девизните резерви поради неликвидност, несолвентност и намалување на оценките за кредитниот рејтинг на земји, финансиските институции или издавачите на хартиите од вредност, преку пласирање на девизните резерви во согласност со утврдени критериуми за избор и лимити на изложеност кон земји, финансиски институции и издавачи на хартии од вредност.

Народната банка го контролира ликвидносниот ризик, како ризик од нерасполагање со доволно ликвидни средства,  преку одржувањето соодветно ниво на ликвидносно портофлио, пласирано во краткорочни инструменти со рамномерна распределба на достасувањето, како и преку пласирање на инвестициското портофлио во пазарни и ликвидни инструменти.

Народната банка го контролира каматниот ризик, како ризик од намалување на вредноста на девизните резерви поради промена на пазарните цени на инструментите во кои се пласирани девизните резерви, преку определување и одржување на основното прилагодено времетраење (target modified duration)  на инвестициското портфолио, како стратегиска цел која го одразува оптималното ниво на очекуван поврат од инвестирање на девизните резерви, при дефинирано прифатливо ниво на ризик.

Валутниот ризик претставува ризик од намалување на вредноста на девизните резерви поради промена на интервалутарните односи на валутите во кои се пласираат и чуваат девизните резерви. Делот од девизните резерви кој се одржува во евра не е изложен на валутниот ризик, имајќи ја предвид примената на стратегијата на „де факто“ фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото. Изложеност на девизните резерви кон валутен ризик постои на делот од девизните резерви што се одржува во останатите валути и златото, и се ограничува преку утврдување лимити на учество на останатите валути во портфолиото на девизните резерви.

Покрај квантитативното ограничување на валутниот и на каматниот ризик, Народната банка дополнително ја мери изложеноста на девизните резерви кон овие пазарни ризици  со користење на концептот „вредност изложена на ризик“ (Value at Risk) . 

Народната банка редовно информира за резултатите од управувањето и ракувањето со девизните резерви преку изготвување полугодишен и годишен извештај.

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,98 % 1,08 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,49 %
3 месеци 1,75 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,23 %
12 месеци 2,43 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%