сабота, 27 мај 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

За НБРМЧленови на совет на НБРМ
 

Биографија

Александар Стојков

Член на Советот на Народната банка

Д-р Александар Стојков е вонреден професор на научната област економски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Роден е на 22.06.1976 година во Скопје. Средно образование завршил во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје (општа насока), со одличен успех, како првенец во генерацијата 1991-1995 година. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во јуни 1999 година, отсек: економија, насока: финансии и банкарство, со просечен успех 9,97. Добитник е на награда што ја доделуваат Економскиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје како признание за постигнатиот успех во студирањето. Во учебната 1999/2000 година се запишал на постдипломски студии од областа на меѓународната економија на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По положувањето на предвидените испити со просечен успех 9,86, во мај 2004 година го одбранил магистерскиот труд на тема: „Програмите на Меѓународниот монетарен фонд за приспособување на економиите и искуството на Република Македонија“, со што се стекнал со научниот степен „магистер на економски науки“.

Во септември 2004 година се запишал на докторски студии од областа на макроекономиката на Универзитетот „Стафордшир“ во Велика Британија, каде што во октомври 2009 година ја одбранил докторската дисертација: „Детерминанти на дефицитот на тековната сметка во платниот биланс и неговите импликации врз економскиот растеж: искуствата на земјите од Југоисточна Европа“. Во рамките на стипендиската програма, Стојков остварувал тримесечен истражувачки престој секоја академска година и стекнал постдипломски сертификат за примена на научноистражувачките методи.

Во периодот од 1.IX 2010 до 1.III 2011 година остварил постдокторски истражувачки престој во Интеруниверзитетскиот центар за истражувања и анализа на организации во Монтреал (Канада). За време на истражувачкиот престој, работел на мегапроектот за проценка на полезностите и трошоците од договорот за слободна трговија меѓу Канада и Европската Унија. Истовремено бил ангажиран и на научниот проект на Светската банка, поврзан со подготовка на студијата: „Златниот растеж: Обновување на сјајот на европскиот економски модел“.

Надвор од универзитетската кариера, Стојков има тригодишно работно искуство во владиниот сектор на раководни позиции во Министерството за финансии: Сектор за буџети и подоцна, Сектор за макроекономска и развојна политика на националната економија. Како државен службеник посетувал многу обуки во земјата и во странство, меѓу кои и тримесечна специјализација од областа на применетата економија, за што добил и посебно признание за извонредност, како и едномесечен курс од областа на макроекономската анализа и политика, и двата на Здружениот виенски институт во Австрија, основан од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, ОЕЦД и Банката за меѓународни порамнувања.

Исто така, Стојков бил член на групата надворешни советници на Министерството за финансии за подготовка на макроекономските проекции и политики за 2004 година и подоцна во 2007 година, надворешен советник во Кабинетот на министерот за економија во текот на 2005 година за координација на проектот за реформа на бизнис-окружувањето и зајакнување на институционалниот капацитет.

Стојков учествувал во подготовката на повеќе владини документи и придружни анализи, како и во подготовката и реализацијата на други меѓународни проекти. Објавил повеќе трудови во домашни и меѓународни рецензирани стручни списанија со импакт фактор, главно од областа на меѓународната макроекономика, јавните финансии и економиката на интелектуалната сопственост. Во поновите истражувања се служи со економетриските софтверски пакети Stata 13.0, Microfit 5.0, EViews 8.0, Limdep 10.0, Dynare 4.0 и MATLAB.

Тој е член на Советот на Народната банка на Република Македонија, неизвршен член на Комисијата за хартии од вредност и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија. Исто така, Стојков е член на научната асоцијација „Салцбуршки глобален семинар“ од Австрија и на Меѓународната асоцијација за финансии и трговија (ITFA). Одлично го владее англискиот јазик, а се служи и со германскиот и грчкиот јазик.

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,98 % 1,08 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,49 %
3 месеци 1,75 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,23 %
12 месеци 2,43 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%