вторник, 28 март 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

 

 

1. Предна страна на банкнотата од 200 денари:

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е репрезентативната христијанска теракотна икона, односно релјефот со претстави на старозаветните воини Јошуа (Исус Навин) и Калеб, којашто е датирана во 6-7 век и припаѓа на познатaта група винички теракотни икони како едни од најзначајните археолошки откритија од територијата на Република Македонија.



Опис на иконата:
На левата страна на овој релјеф со димензии 28,5x30x4см е претставена фигурата на Јошуа (Исус Навин) во фронтална положба. Тој е облечен во војничка облека, на главата носи шлем украсен со два рога, во десната рака држи копје, додека со левата покажува кон сонцето, сместено во централниот дел од горната половина на плочата. Над главата на Исус Навин, меѓу неговиот шлем и копјето, е претставена ѕвезда. На десната половина на плочата е изведена фигурата на Калеб во фронтален став. Слично на Исус Навин, и тој носи војничка облека, во левата рака држи копје, а со десната го придржува штитот поставен меѓу него и фигурата на другиот воин. Ликот на Калеб е благо свртен на десната страна, а неговиот поглед е вперен во сонцето на кое покажува Исус Навин. На неговата глава е изведена претстава на месечината.

Вдолж левиот вертикален раб на плочата, лево од ликот на Исус Навин е испишана сигнатурата FILIUS NAVE со букви свртени наопаку. Во горниот средишен дел на релјефот, меѓу главата на Исус Навин и претставата на сонцето, во три реда е испишано неговото име. Во првиот ред стои буквата H покрај која е изведен симболот на крстот, во вториот буквите IE, а во третиот буквите SU. Вдолж десниот вертикален раб на претставата, покрај фигурата на Калеб, е испишано неговото име – KALEEB.

Значење на претставата:
Оваа сцена во која се прикажани ликовите на војниците-херои Јошуа и Калеб, илустрира една епизода од старозаветната Книга за Исус Навин, прикажувајќи го моментот кога тој ги запира сонцето над Гаваон и месечината над долината Елонска, пред големата победа на Израелците над Аморејците (Книга на Исус Навин 10:12,13).

Херојските настани во приказната за Исус Навин претставуваат префигурации на настаните од новозаветната историја од почетокот на христијанството. Почнувајќи од периодот на живеењето на апостол Павле, ликот на Јошуа добива карактер на старозаветна префигурација на врховниот бог на христијанската религија, и понатаму, од IV и V век, а во контекст на историскиот развој на теолошката мисла, голем дел од христијанските теолози и писатели, сметајќи го Стариот Завет за книга што се однесува на праегзистенцијата и вечното постоење на Исус Христос, поради сличноста на името и судбинските дела, го сметаат Исус Навин за старозаветна префигурација на Христос.
 
На истата страна во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.


1a. Задна страна на банкнотата од 200 денари:

Носечки мотив на задната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е архитектонско-ликовен елемент од челната  фасада на Шарена (Алаџа) Џамија во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, за којшто се смета дека бил изграден во XV век. Тој е надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата Исак Џамија во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.


 

 

2. Предна страна на банкнотата од 2000 денари: 

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско поле како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.


2a. Задна страна на банкнотата од 2000 денари:

Носечки мотив на задната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2000 денари e декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се прикажани два афронтирани пауна (рајски птици) покрај “изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

 

Брошура: „Запознајте ги Вашите банкноти“

 

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,95 %
1 недела 1,19 %
1 месец 1,43 %
3 месеци 1,73 %
6 месеци 1,99 %
9 месеци 2,22 %
12 месеци 2,40 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%