платежна СТАТИСТИКА

 

Согласно со законските овластувања, НБРМ пропишува подзаконска регулатива за платежна статистика. Врз основа на регулативата за платежна статистика НБРМ прибира, обработува и објавува податоци за:

  • број на трансакциски сметки преку кои се вршат плаќањата по вид на сметка;
  • употреба на платни инструменти - број и вредност на остварени трансакции по видови на инструмент;
  • употреба на платежни картички и уреди на кои тие се користат - број на платежни картички во циркулација и број и вредност на остварени трансакции по функција на платежни картички и видови на уред; и
  • употреба на уреди за вршење и прифаќање на микроплаќање - број на уреди и број и вредност на трансакции остварени преку уреди за микроплаќање.

НБРМ ги објавува податоците месечно, во агрегирана форма на својата интернет-страница.

 

Извештај за бројот на сметки по видови на имател


Извештај за употребата на платежни картички и уреди на кои тие се користат во земјата

 

Извештај за употребата на платните инструменти

 

Извештај за платниот промет во денари во Република Македонија

ПРАВИЛА ЗА РАБОТА НА МИПС

Правилата за работа на МИПС овозможуваат ефикасно комуницирање помеѓу учесниците и МИПС, како и помеѓу самите учесници. Учесникот избира еден од начините за пренесување на пораките во МИПС:

Учесникот, во комуникација со МИПС, користи пораки со дефиниран формат согласно со Стандардот за намената и форматот на пораките во МИПС.

Овие правила се достапни јавно на интернет-страницата на НБРМ, а сите нивни измени се најавуваат најмалку 15 дена однапред. По исклучок, НБРМ може да воведе и промена во пократок рок, ако сите учесници се согласат со промената.

Терминскиот план согласно кој работи МИПС е дефиниран во одредбите од Правилата за работа на МИПС и прилозите од истите.