Задолжителната резерва е инструмент на монетарната политика на НБРМ, којшто ги обврзува банките и штедилниците да издвојуваат средства на сметките кај централната банка. Основни функции на инструментот се стабилизирање на краткорочните каматни стапки на пазарите на пари, управување со понудата на пари и нивото на кредитна мултипликација и намалување на структурниот вишок на ликвидност.  

Основата за задолжителната резерва на банките се пресметува како просек од обврските за секој ден од календарскиот месец што му претходи на периодот на исполнување. Основата на задолжителната резерва на штедилниците за три последователни периоди на исполнување се пресметува како просек од обврските за секој ден од последниот календарски месец во кварталот што му претходи на првиот од трите периоди на исполнување. 

Задолжителната резерва во денари на банките се пресметува како збир на износот утврден од обврските во домашна валута, износот утврден од обврските во домашна валута со валутна клаузула и 30% од износот утврден од обврските во странска валута. При утврдувањето на задолжителната резерва во денари, основата за задолжителна резерва од обврските на банките во домашна валута се намалува за износот на побарувањата врз основа на новоодобрени кредити на нефинансиски друштва и вложувања во должнички хартии од вредност во домашна валута издадени од нефинансиски друштва.[1] Задолжителната резерва во денари банките ја исполнуваат на просечно ниво. Задолжителната резерва на банките во девизи се утврдува на ниво од 70% од износот пресметан од обврските во странска валута. Задолжителната резерва на банките во девизи се издвојува на посебни девизни сметки на НБРМ во странство и се исполнува во евра на фиксно ниво. Штедилниците ја исполнуваат задолжителната резерва на посебни сметки кај НБРМ на фиксно ниво.

Периодите на исполнување на задолжителната резерва се утврдени во Индикативниот календар на периоди на исполнување на задолжителна резерва во денари и евра за банките и штедилниците.

Стапките на задолжителна резерва на банките се прикажани во табелата:

Обврски

Стапка на задолжителна резерва

Се применува од:

-       во домашна валута

8%

11.09.2013

-       во домашна валута со валутна клаузула

50%

01.05.2016

-       во странска валута

15%

11.09.2013

Исклучок:

-       обврски кон нерезиденти - финансиски друштва во странска валута со договорна рочност до една година

13%

11.09.2013

-       обврски кон физички лица во домашна валута со валутна клаузула и во странска валута, со договорна рочност над две години

-       обврски кон физички лица во домашна валута со договорна рочност над една година*

0%



0%

11.01.2012



01.09.2015

-          обврски по репо-трансакции во домашна валута

0%

11.01.2012

-         обврски врз основа на издадени должнички хартии од вредност во домашна валута со оригинален рок на достасување од најмалку две години

0%

      13.02.2013

-         обврски кон нерезиденти - финансиски друштва во домашна валута, во домашна валута со валутна клаузула и во странска валута, со договорна рочност над една година и обврските кон нерезиденти во домашна валута, во домашна валута со валутна клаузула и во странска валута, со договорна рочност над две години

0%

11.09.2013

* на обврските кон физички лица во домашна валута со договорна рочност над две години се применуваше стапка 0% од 11.01.2012 година

Стапката на задолжителна резерва на штедилниците изнесува 2,5%.


--------------------------------------------------------------------------------
[1] Нефинансиски друштва - нето-извозници и/или нефинансиски друштва коишто средствата ги користат за финансирање проекти за домашно производство на електрична енергија, за сопствена и/или комерцијална намена.

Задолжителна резерва-историски податоци 

Индикативен календар за 2017 година