вторник, 25 април 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Практична работа во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Заштитни слоеви на капиталот
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

 

Скопје, 12.4.2017 година

Соопштение на НБРМ

На 11 aприл 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
На седницата на Комитетот беше одлучено дека во услови на сѐ уште присутни ризици од домашните политички случувања, каматната стапка на благајничките записи се задржува на нивото од 3,25%. Со оглед на стабилизирањето на потенцијалната ликвидност на банките, се одлучи на аукцијата којашто ќе се одржи на 12 април, понудата на благајнички записи да биде на ниво на достасаниот износ и да изнесува 30.000 милиони денари.
Во однос на економската активност, објавените податоци за растот на БДП за 2016 година од 2,4% беа во согласност со проекцијата на НБРМ од 2,3%. За првиот квартал од годината се очекува задржување на позитивната динамика на раст на БДП, но бројот на вискофреквентни показатели е ограничен (дел од клучните показатели се достапни само за јануари). Воедно, некои од нив бележат движења во различни насоки, поради што се зголемува неизвесноста околу оцената за состојбата во економијата во првиот квартал од годината.
Мартовските податоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 0,6%, што е малку послаб раст на цените од очекувањата. Од друга страна, направени се нагорни корекции на очекуваното движење за 2017 година кај влезните претпоставки за увозните цени, што претставува  нагорен ризик во однос на проекцијата на инфлацијата во 2017 година, како последица на фактори на страната на понудата.
Очекувањата на економските субјекти и натаму се релативно стабилни, а оцените за стабилноста на економските основи сѐ уште се позитивни. И покрај падот на девизните резерви во првиот квартал, на девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите три месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со мал нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво.
Во март, ликвидноста на банките продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во економијата. Со оглед на постојаниот раст на ликвидните средства во изминатиот шестмесечен период, Народната банка во март повлече значителен дел од вишокот ликвидност преку основниот инструмент ‒ благајничките записи. Стерилизирањето на структурниот вишок средства преку благајничките записи придонесе за намалување на пласманите на банките во расположливите депозити кај Народната банка, со што нивната застапеност во однос на основниот инструмент се сведе околу историскиот просек од 25%. Заради надоместување на краткорочните потреби за ликвидност, банките во март имаа зголемена активност на пазарите на пари, каде што покрај со необезбедени депозити, се тргуваше и на секундарниот пазар на хартии од вредност, преку склучување дефинитивни и репо-трансакции.
Од аспект на банкарскиот систем, првичните податоци за март 2017 година покажуваат речиси непроменето штедење на населението во првиот квартал во однос на крајот на 2016 година. При умерен месечен раст во јануари и февруари, ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите на населението во март. Од друга страна, депозитите на претпријатијата во март забележаа месечен раст, но недоволен за надоместување на намалувањето кај населението. Ваквите остварувања доведоа до забавување на годишниот раст на депозитите, но нивното ниво заради добрите остварувања на крајот на 2016 година е повисоко во однос на очекувањата за крајот на првиот квартал. Во однос на кредитната активност, првичните податоци заклучно со март покажуваат раст на кредитите на месечна и на годишна основа и задржување на трендот на поизразено кредитирање на секторот „население“. Сепак, последните податоци за кредитната активност упатуваат на послаби остварувања во однос на проектираните за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција.
Податоците за девизните резерви во март покажуваат пад во однос на крајот на 2016 година, во еден дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели за адекватноста на девизните резерви укажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината се достапни податоци за менувачкиот пазар за првиот квартал, коишто упатуваат на малку пониски нето-приливи од приватните трансфери во однос на очекувањата. Воедно, и последните расположливи податоци за надворешната трговија за првите два месеца од 2017 година упатуваат на отстапување, односно на малку повисок трговски дефицит во однос на очекуваниот. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни заклучоци во однос на очекувањата за целото тримесечје.
На седницата беше утврдено дека во март, банките во трансакциите со клиентите на девизниот пазар остварија нето-продажба на девизи, којашто главно е одраз на сезонски повисоката побарувачка за девизи од страна на фирмите. Банките ја надоместија побарувачката за девизи од сопствени извори, што услови неутрална позиција на Народната банка во интервенциите на девизниот пазар. Со остварувањата во март, во првиот квартал од годината интервенциите на Народната банка на девизниот пазар се однесуваат на умерен нето-откуп на девизи од банките поддржувачи во износ од 2,8 милиони евра, наспроти нето-продажбите од 17,2 милиона евра во истиот период 2016 година. Овие подобри остварувања се забележани и покрај повисоката нето-продажба на девизи за потребите на клиентите, главно фирми и нерезиденти, којашто целосно беше надоместена од добрата девизна ликвидност на банките.
На меѓународните финансиски пазари, во март преовладуваа очекувања за побрз излез од експанзивната политика на ЕЦБ, што беше проследено со раст на приносите на државните обврзници во еврозоната. По одржаните парламентарни избори во Холандија, беа помалку нагласени согледувањата за политички ризици во Европа, а вниманието на пазарните учесници се насочи кон претстојните претседателски избори во Франција. Во САД, беше донесена очекуваната одлука за зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, а се засилија и дискусиите за постепено намалување на ликвидносната поддршка преку програмите за квантитативно олеснување, со оглед на поволните економски изгледи за наредниот период.
На седницата беше заклучено дека оцените за стабилноста на економските основи и натаму се позитивни. Ризиците од домашните политички случувања и понатаму постојат и се изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување се сѐ уште актуелни.

                   

Кабинет на гувернерот

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,97 %
1 недела 1,20 %
1 месец 1,49 %
3 месеци 1,75 %
6 месеци 2,01 %
9 месеци 2,22 %
12 месеци 2,44 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%