вторник, 28 март 2017
почетна контакт веб-инфо веб-мапа rss en мк
За НБРМ
Гувернер
Цели и задачи
Транспарентност
Членови на совет на НБРМ
Седници на совет на НБРМ
Организациона шема
Програма за работа на НБРМ
Меѓународни односи
Конференции
Годишна награда на НБРМ
Финансиска едукација
Вработување во НБРМ
Стратегија
Односи со јавност
Соопштенија за печат
Говори
Интервјуа
Трудови
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Монетарна политика
Поставеност на монетарната политика
Спроведување на монетарната политика
Промени на основната каматна стапка на НБРМ
Финансиски пазари
Девизен пазар на РМ
Аукции на благајнички записи
Меѓубанкарски пазар на депозити
Аукции на државни хартии од вредност
Секундарен пазар со хартии од вредност
Информации од меѓународните финансиски пазари
Финансиска стабилност
Извештаи за финансиската стабилност
Индикатори за финансиската стабилност
Платни системи
Македонска платежна инфраструктура
Улогата на НБРМ во платните системи
Регулатива за платните системи
Платежна статистика
Конференции, новости и публикации
Национален совет за платните системи
Статистика
Програма за статистички истражувања 2013 - 2017
Календар на објавување на податоци
Билтени
Монетарна статистика и статистика на каматни стапки
Екстерни статистики
СДДС - Специјален стандард за дисеминација на податоци
Основни економски показатели
Известувањa за потребите на статистиката
Соопштенија за печат
Публикации
Годишни извештаи
Месечни информации
Квартални извештаи
Квартални извештаи за банкарскиот систем
Полугодишни извештаи
Aнкета за кредитна активност
Анкета за инфлациските очекувања
Извештај за финансиска состојба на НБРМ
Истражување
Библиографии
Македонски пари
Книжни пари во оптек
Ковани пари во оптек
Карактеристики на новите книжни пари
Листа на успешно тестирани машини
Музеј на НБРМ
Нумизматичка дејност
Нумизматичка збирка
Публикации
Контакт
Прописи
Закони
Одлуки
Упатства
Супервизорски циркулари
Регулатива за државни хартии од вредност
Прописи и документи од монетарното работење во периодот на монетарното осамостојување
Банкарска супервизија и регулатива
Банкарска супервизија и регулатива
Законска регулатива
Извештаи, показатели, презентации и обрасци
Банкарски систем на РМ
Организациона структура на супервизијата и банкарската регулатива
Капитална Спогодба (Базел II и Базел III)
Прашања и одговори
Прашања и одговори од девизното работење
FAQ
Ковани пари за колекционерски цели

  

Платни системиНационален совет за платните системи

Национален Совет за Платни системи (НСП)

Платните системи вклучуваат голем број директни и индиректни учесници, поради што се наметнува потребата за ефикасна интеракција на различни обезбедувачи на платежни услуги. Од друга страна, во остварувањето на ефикасноста на платните системи и системите за порамнување на хартии од вредност инволвирани се различни јавни власти, вклучувајќи ги НБРМ, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност и други релевантни институции. Соработката меѓу различните учесници и носители на политиките во доменот на платните системи и системите за порамнување на хартии од вредност може да се постигне на различни начини, од размена на гледишта и информации до ad hoc или регуларни состаноци и заеднички делувања.

Во голем број на земји формирани се тела за соработка или совети за платни системи кои ги третираат прашањата за платните системи. Во многу случаи, овие тела станале и инструмент за поддршка на регионалната и интернационалната соработка во доменот на платните системи. Во таа насока, во Република Македонија во октомври 2004 година е формиран Националниот Совет за Платни Системи на Република Македонија (во понатамошниот текст: НСП) со Спогодба за основање помеѓу Гувернерот на НБРМ, Министерот за Финансии и Претседателот на Здружението за банкарството и осигурувањето при Стопанската комора на Македонија.

Согласно одредбите од Спогодбата, основната цел на НСП е да го поддржи постигнувањето на стабилен и ефикасен платен систем во Република Македонија. Исто така, НСП служи како форум за соработка како во регионален, така и на поширок интернационален контекст во доменот на платните системи. Притоа, работата на НСП не навлегува во законските ингеренции и функции на НБРМ и Министерството за финансии. НСП го сочинуваат членовите кои се именувани од основачите на НСП. Со работата на НСП раководи Претседател на НСП. Во случај на отсутност и спреченост на Претседателот на НСП со работата на  НСП управува Заменик- претседателот на НСП. Претседателот на НСП се именува и разрешува од страна на Гувернерот на НБРМ. Заменик претседателот на НСП се именува и разрешува од страна на Министерот за Финансии. Заради поефикасно остварување на целите и задачите, работата на НСП е организирана во работни групи, чиишто членови се експерти од конкретната област на платните системи којашто ја покрива работната група.

Прашањата коишто ги разгледува НСП се однесуваат на сите аспекти на платните системи во земјата,  од коишто произлегуваат следните задачи:

  • ја поттикнува соработката помеѓу учесниците и надлежните институции (регулатори) во доменот на платните системи;
  • покренува иницијатива до надлежните институции за донесување на прописи во врска со платните системи, а по потреба дава иницијативи за измени и дополнувања на постоечките законски и подзаконски прописи;
  • дефинира и предлага заеднички постапки во платниот промет со цел единствена примена на законски прописи од различни подрачја;
  • го следи развојот и врши промоција на заеднички инцијативи кои се насочени кон имплементација на нови услуги во платниот промет;
  • учествува во подготовка на Стратегискиот документ за развојот на платниот систем во Република Македонија;
  • ја поттикнува и следи имплементацијата на реформите во платните системи во Република Македонија;
  • ги утврдува проблемите кои настануваат во одвивањето на платниот промет во земјата и предлага решенија за нивно отстранување;
  • по потреба разгледува индивидуални проекти кои треба да бидат започнати и имплементирани и по истите може да даде мислење;
  • врши промоција на стандардизација на процедури и системи во склад со аспирациите на Република Македонија во идните евро-атлански интеграции;
  • укажува на монополски појави во платниот промет и ги афирмира пазарните принципи на функционирање;
  • врши промоција на познавањето на прашањата поврзани со платните системи во земјата, и
  • врши промоција на регионалната и интернационалната соработка на сите активни институции во платните системи и системите за порамнување на хартии од вредност.

Од широкиот опфат на задачите произлегува дека НСП претставува еден вид на инструмент на надгледувачката функција на НБРМ. Исто така, НСП претставува и форум кој гарантира стратешки пристап кон прашањата за развој на платните системи.

Стратегија за развој на платниот систем на Република Македонија

Спогодба за основање на НСП

Деловник за работа на НСП

Членови во Националниот совет за платни системи на Република Македонија

Контакт листа на членови во работните групи на НСП

Заклучоци и препораки на НСП

ИНФЛАЦИЈА

 

ОСНОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ НА НАРОДНА БАНКА
Инструмент Каматна стапка
Благајнички записи 3,25%
Расположлив кредит преку ноќ 3,75%
Расположлив депозит преку ноќ 0,25%
СТАПКИ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА НА БАНКИ
Обврски во:
домашна валута8,00 %
домашна валута со валутна клаузула50,00 %
странска валута15,00 %
МЕЃУБАНКАРСКИ КАМАТНИ СТАПКИ
Рочност SKIBOR MKDONIA
преку ноќ 0,95 %
1 недела 1,19 %
1 месец 1,43 %
3 месеци 1,73 %
6 месеци 1,99 %
9 месеци 2,22 %
12 месеци 2,40 %
Резултати од последна аукција на благајнички записи
Резултати од последни аукции на државни хартии од вредност
Резултати од последна репо-аукција за обезбедување на ликвидност
Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата 3,75%