Соопштение на НБРМ, 28.10.2015

Народната банка на Република Македонија и Алијансата за финансиска вклученост, со поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија, го одржаа Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост на мрежата АФИ во Скопје, од 26 до 28 октомври 2015 година.

Соопштение на НБРМ, 22.10.2015 година

Народната банка на Република Македонија, заедно со Алијансата за финансиска вклученост (АФИ) и со поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија (СЕКО), ќе го организира Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија (ЕЦА) за финансиска вклученост

Соопштение на НБРМ, 14.10.2015 година

На 13 октомври 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, движењата во банкарскиот систем и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика

Соопштение на НБРМ, 1.10.2015 година

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата четиринаесетта седница, на која беше разгледан Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во вториот квартал од 2015 година, при што беше заклучено дека и во тој период вкупната актива на банкарскиот систем забележа раст, во услови на побрз раст на кредитите на нефинансиските субјекти, отколку на нивните депозити.

Соопштение на НБРМ, 16.9.2015 година

На 15 септември 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија и на земјите во регионот, движењата на домашните и на меѓународните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Соопштение на НБРМ, 16.9.2015

На 15 септември 2015 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија и на земјите во регионот, движењата на домашните и на меѓународните финансиски пазари и најновите макроекономски показатели